Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во сабота ќе биде отворена изложбата „Женски логор“ на Дијана Богдановска.
Женски логор, логорот на смртта исто како и еден класичен затворенички логор, исклучок кој циркулира во областа на културата под железните завеси на политичкото поднебје. Се протолкува како метафора или буквално поистоветување во рамки на некој потесен контекст кој треба да е познат за примателот со цел истиот да биде правилно протолкуван, алузија кон одреден аспект, детектирање наодредената женска индивидуа во рамки на некоја категорија – категоријата работник-уметник…