“Температура, циркулација, гравитација…” – Изложба на Маја Кировска

Image

Температура, циркулација, гравитација е изложба составена од поголем брoј асоцијативни дела, колажи објекти и видеа, каде авторот ги материјализира сите мисли кои спонтано се јавуваат размислувајќи за цикличниот тек на нештата т.е. циклусите во природата, животот на човекот… Ги разгледува релациите, природно – вештачко, органско-неорганско, растително-животинско-човечко… со акцент на природните сили кои подеднакво делуваат во сите овие сфери и доведува до сличности во однесувањето во одредени ситуации..

Полесно е за нашата свест да ги примени овие принципи според кои функционираат природните сили на физиолошкото ниво на нашето постоење, но научниците се обидуваат на тој начин да го објаснат и духовниот живот и да ја дисецираат и поедностават љубовта. Дали е таа само пропратна реакција на процесот на едноставна репродукција?

Кога природниоте материјали (органски или неоргански, како делови од растенија, земја, вода…), се дел од природната средина, не се противат на процесите на циклично движење на материјата т.е. распаѓање и трансформација, спротивно на тоа кога истите материјали и супстанции ќе станат составен дел на едно уметничко дело, влегуваат во за нив несвојствена средина каде човекот со сите сили се обидува да ги запре овие процеси и да ги одржи во непроменета состојба, согласно неговата исконско настојување да ја достигне вечноста.

.Ако се обидеме да најдеме решение на некој проблем во спротивна насока од цикличното движење и даденост на нештата секогаш се заплеткуваме во јазол за кој немаме решение и се појавуваат чудни етички дилеми.

734765_470533549672589_695246285_n

(Детаљи од изложбата во Отворено Графичко Студио – Скопје)

Повеќе за авторката на: http://majakirovska.com/about/about.html

*Најавете се на Facebook_event

Изложбата ќе биде отворена до 15-ти Февруари 2013.

Напишете коментар