“УФО” ФЕСТИВАЛ 2011

Во периодот од 18-ти до 21-ви Јуни , во Охрид, во организација на Центарот за Културен Проток “АРТерија”, се одржa  4-дневен Уметнички Фестивал “УФО” кој  се одвива на отворен простор и опфаќа повеќе видови на уметнчко културни настани.
Изведбите  се одвиваа пред Центарот за култура и Библиотека” Григор Прличев“ и дел на градскиот плоштад (и малото пристаниште)
Ова е прв фестивал во Охрид чија програмата опфаќа: цртање на графити, проекција на филмови, инсталации, рецитал и музичка поддршка.
Учество зедоа  млади уметници од државава од повеќе области, а за подетален преглед ви ја доставуваме целосната програма.
За филмските проекции направена е соработка со скопското здружение “Compressor 3KT”, на кои  учество зедоа  македонските режисери: Ѓорѓи Јаневски, Иван Ивановски и Јане Алтипармаков.

   

ПРОГРАМА/2011

18 јуни, Сабота, Градски плоштад:
18 ч. Перформанс „Залепи се!“
АРТерија и музичка група од Државното средно музичко училиште од Струга.

19 јуни, Недела, Центар за култура:

18-21 ч. Цртање графити: Владимир Трајаноски, Мики Блажески, Илија Богданоски, Незир Керимоски и Петар Стефаноски
21 ч. Перформанс: Даниел Коцев
21.30 ч. Коктел
22 ч. Филмска проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска

20 јуни, Понеделник, Центар за култура:
18-21 ч. Цртање графити
18-21 ч. Изложба: Кирче Стојоски
21 ч. Перформанс: „Името ми е Владимир Лур“ – Ненад Јолдески и Јован Наумоски
21.30 ч. Коктел
22 ч. Филм проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска

21 јуни, Вторник:
19 ч. Перформанс: АРТерија

Благодариме на спонзорите:

ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА и БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
ДОН маркет
LIONS Club Lychnidos
ГУМНО – Пласт
ДАМАР ресторан
БЕЛВЕДЕРЕ ресторан
JAZZ INN – jazz club
КЕНТЕРС – мебел
Др. Ангела Ангелеска
OBJECTIF bar Охрид
МОБИ Петрол
ВЕЛКОСКИ градба

Напишете коментар