Изложба “Невидлива Софија”

Центарот за културен проток “АРТерија” – Охрид во соработка со Музеј “Робевци” Охрид, како и минатата година, така и оваа продолжува со циклусот “МултивитАРТизација” со 4 витамински состојки. Месечно дозирање со “Мултивит” – неколку милиграми различни уметнички витамини:

Витамин А.
За овај месец, ЕЛЕНА ЃЕРОСКА (Скопје) и СТЕФАН МАРИНОВ (Софија) препишаа *1000 мг од витаминот: „Невидлива Софија “ кој содржи големо количество на урбана фотографија, одлична за одржување на вашето културно здравје.

*Забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот. 😉

Напишете коментар