Изложба “Соништа во длабок печат”

ПРОЕКТ “МУЛТИКУЛТИВАРТИЗАЦИЈА”

19. 03. 2011 / Изложба на графики “Соништа во длабок печат” / Соња Димовска / Музеј “Робевци” Охрид.

Овој месец центарот за културен проток “АРТерија” – Охрид, го продолжи месечното дозирање со “multivit”, заедно со СОЊА ДИМОВСКА од Скопје.

Витамин Б6.
Овај пат, СОЊА ДИМОВСКА, препиша *1000 мг витамински графики, богати со надреални и интимни нарации корисни за убави соништа и фантазија, со одлично дејство за престојните пролетни денови.

*забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот. 😉

“Светот на Соништата во длабок печат на Соња Димовска е свет во кој доминира извесна надреална атмосфера, изведена преку комбинирање и интерпретирање елементи со исклучително нагласена симболика и преку крајно минуциозно претставени детали. Овие илустративни минијатури, композициски изведени во кружно поле, се надреален приказ на растителниот и животинскиот свет, како и на имагинарните портрети. Нарацијата е впечатлива и нуди повеќеслојни исчитувања.
Во креативниот ракопис на Соња Димовска доминира драматичното надреално наспроти прецизното рационално, интимното наспроти откриеното прикажување на внатрешниот свет, визуелниот приказ на чувствата наспроти техничката совршеност… Притоа, инсистирањето на изработка на детали може да се толкува и како своевидна интимна медитативна постапка. ”

— од текстот на Маја Чанкуловска-Михајловска

Напишете коментар