ЖЕНСКИ ЛОГОР – Инсталација на Дијана Богдановска

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во сабота ќе биде отворена изложбата „Женски логор“ на Дијана Богдановска.

Image

Женски логор, логорот на смртта исто како и еден класичен затворенички логор, исклучок кој циркулира во областа на културата под железните завеси на политичкото поднебје. Се протолкува како метафора или буквално поистоветување во рамки на некој потесен контекст кој треба да е познат за примателот со цел истиот да биде правилно протолкуван, алузија кон одреден аспект, детектирање наодредената женска индивидуа во рамки на некоја категорија – категоријата работник-уметник…

Формално гледано, подразбира проширена форма на гледиштето за „оставање простор“ на женскиот уметник, преку претставување на ваквиот проблем во рамки на традиционалната логика. Ова усложнување во поединечни ситуации може да се рефлектира позитивно, додека во други – крајно негативно, доведувајќи го мислителот на работ од повеќе можни психолошки нарушувања и неврамнотежнувања, што е секако разбирливо согласно човековата (аксиолошка и секаква друга) „програмираност“ да биде насочена кон конечни и заокружени одговори на прашањата кои си ги поставува.
Во овa дело ќе се обидеме да го дефинираме негативниот одраз на релоцирањето на женскиот уметник како фрустрација во современото општество, детереминанта која ја убива жената, привлекувајќи ја да стане зависна од ригиден однос спрема себе -неконтролирање и одржување на таа вечна обврска, да се биде дел од еден логор на смртта, геноцид на културата.

64402_541650935885619_1832196702_n64418_542138355836877_538713759_n71463_541926825858030_1184182215_n485262_541656162551763_1405718846_n528180_541856972531682_1564918090_n532237_541618679222178_73181809_n

Дијана Богдановска

Родена 1984 Тетово
Академско образование: Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, сликарски оддел, Скопје 2008
Запишана на магистерски студии, родови студии на институтот за хуманистички и општествени науки- Скопје
Член е на арт иницијативата Кооперација
Живее и работи во Тетово, Македонија
Ова е нејзината втора самостојна изложба
Остварила бројни групни изложби и проекти
Контакт адреса: veronika.diagram@gmail.com

Поради карактерот на изложбата истата ќе трае еден ден.

*Најавете се на Facebook_event

Напишете коментар