„Погледи”, фотографска изложба на Фото Кино Клуб Битола

Image

“Погледи”, фотографска изложба на Фото Кино Клуб Битола во ОхридНадоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идеjата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе се претстават за прв пат пред охридската јавност со своја клупска изложба на уметнички фотографии наречена „ПОГЛЕДИ”. Изложбата ќе биде отворена во сабота на 16.02.2013 година во галеријата на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во 19.00 часот.

Изјава на фото клуб Битола:

Долги години во Битола, фотографијата за разлика од нејзината примарна цел, претежно беше употребувана само во комерцијални цели. Некаква слободна дефиниција за тоа би било, дека: фотографот бил платен за фотографија, место за уметничко дело. Со формирањето на Фото Кино Клуб – БИТОЛА работите почнаа да се менуваат, долгогодишната желба и потреба на неговите членови за организирано делување на полето на фотографијата и филмот вроди со плод. Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, (имено првиот фотоапарат е донесен во Битола од страна на британскиот вицеконзул Карло Калвин во 1861 година) па преку фотоателejата на Лазар Кермеле и Георги Леонтас при крајот на 19 век, до неизбежната фотографска и филмографска оставштина на браќата Манаки како и на фотографското семејство Ошавкови и многу други, ФКК Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Со својата прва самостојна изложба симболично насловена “ПОЧЕТОК”, ФКК Битола постави високи стандарди во доменот на уметничката фотографија како и во перцепцијата на истата, градејќи еден нов пристап кај нашите сограѓани кон самата фотографија како медиум. Поточно пренесувајќи ја идеjата дека фотографијата покрај документарните својства, можи да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување кое веќе подолго време во светот а и кај нас, се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од ФКК Битола во соработка со центарот за културен проток АРТерија ќе се претстават пред охридската јавност за прв пат со своја самостојна изложба на уметнички фотографии наречена “ПОГЛЕДИ”. Ова не е прва соработка со ц.к.п. АРТерија, претходно дел од членовите на ФКК Битола учествувале со свои дела на изложбата “Низ окуларот на времето” посветена на градот Охрид.

 Интервју со членовите на ФКК Битола на ТВ ТЕРА:

Изложбата ќе биде отворена до 24-ти Февруари 2013.

*Најавете се на Facebook_event

Напишете коментар