Изложба на слики и графики

ПРОЕКТ “МУЛТИКУЛТИВАРТИЗАЦИЈА”

07. 05. 2011 / Изложба на слики и графики / Ивана Настески /  Галерија “Робевци” Охрид.

Центарот за културен проток АРТерија – Охрид , повикуше да ја примите последната* доза од уметничкиот „multivit“, повторно во галеријата „Робевци“ – Охрид, на 7ми мај (сабота) во 20:30 часот.

Витамин Д.
ИВАНА НАСТЕСКИ од Тетово го додаде витаминот Д, во сите негови форми: Д1, Д2, Д3, Д4, Д5 бидејќи содржи слики, графики, минијатури, изработени во различни техники, a ја обработува темата на “криптичните знаци”.

*забелешка:
препорачуваме мултивитАРТизација и во домашни услови, затоа што уметничките витамини се на природна база, не се штетни за организмот и се користат без рецепт. 😉

 

Во изложбата составена од 35 слики, графики и минијатури работени во акрил, бакропис, акватинта, линорез, линогравура и сува игла, тематски се обработени археолошките ископувања низ Македонија и нејзината карпеста уметност. Делата изработени низ два циклуси ги опфаќаат праисториските симболи, мотиви, знаци, ритулални обреди, церемонии карактеристични за нашата земја, така што, се реферира радоста и живеењето во првиот циклус преку прикажување на машките и женските фигури во обредни церемонии и ритуални игри. Додека, во вториот циклус доминираат знаците на карпите и камењата, кругови, триаголници, спирали, но и маската како значаен симбол за бркање на злите духови.

Од критиката на Проф.д-р Кирил Темков:
„ Делата на Ивана Настески се оригинални графички листови, исполнети со занес и цврсти погледи. Фасцинирана од минатото, митовите, верувањата, карпите, камењата, прастарите модели како извор и поттик за нејзината современа и интернационална комуникација…Таа храбро ја отвара кутијата на своите внатрешни доживувања…Делата нејзини сведочат за прекрасниот стил и искреноста како и моќта што ја имаат нејзините дела исполнети со сништа и митски набој како и скриеното праисториско богатство на тлото на Македонија… “

Напишете коментар