Изложба на слики “Небо во лицата”

10. 03. 2012 / Изложба на слики “Небо во лицата” / Ване Костуранов  / Галерија “Робевци” Охрид.

Доколку имате симптоми на легачана, чашитлама, гледање турски серии, полемизирање за политика, АРТерија заедно со тимот за мултивитартизација констатира благо нарушување на вашата културна здравствена слика.
Решение?! 
На 10ти март (сабота) во глерија Робевци во 20:00ч, ВАНЕ КОСТУРАНОВ од Струмица, нуди доза поетски отсликани лица, соништа и убавини на едноставноста и секојдневието преку осмислена колористичка вредност во неговите слики.
Реакциите се видливи и се јавуваат веднаш по конзумирањето.
Непосакувани дејства и компликации нема.
Изложбата „НЕБО ВО ЛИЦАТА“ ќе ви предизвика руменило на лицата.

Творештво кое произлегло како резултат на некаков си судир помеѓу сликарски и илустративни импулси.. Таквата двојност дава и двојна поетика.. би рекле сликарска и илустративна.
Иако се јавуваат одредени ликови сепак е избегната таа персонализација и ликовите се поставени во некаков си имагинарен и до некаде нејасен дводимензионален прсотор , со мала сугестија на едно модерно време и временски период, со осмислена колористичка вредност на истиот.. – Дел од критиката на Ели Аиноска  Христовска 

Изложбата ќе биде отворена до 24-ти Март 2012.

> Facebook_event

> www.kosturanov.com

Напишете коментар