Изложба “Антропогеометризми”

ПРОЕКТ “МУЛТИКУЛТИВАРТИЗАЦИЈА”

08. 04. 2011 / Изложба на слики “Антропогеометризми” / Елена Ѓорѓиевска / Галерија “Робевци” Охрид.

На 09ти април, во гaлеријата „Робевци“ – Охрид, во 19:30 часот, центарот за културен проток “АРТерија” – Охрид во „multivit“ ја додаде третата витаминска доза на ЕЛЕНА ЃОРЃИЕВСКА од Битола.

Витамин Ц.
За месецот април ЕЛЕНА ЃОРЃИЕВСКА дозираше со *1000 мг слики, во антропогеометризирана витаминска состојба која е пријатна и убава за конзумирање.
За да го одржите културниот дух во позитивна стабилност препорачувавме да ја примите и оваа состојка од мултивитАРТизацијата.

*забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот. 😉

Напишете коментар