Изложба “Ликвидирани вредности”

31. 03. 2012 / Изложба на слики “Ликвидирани вредности” / Горан Ристовски / Галерија “Робевци” Охрид.

„За доближување на делото кон публиката, уметникот излегува на улица“ – како што вели авторот, но тој самиот на некој начин прави и обид за доближување на street art-от до „застарената“ галериска публика, а воедно и нтеграција на двете. Низ повторувачката шаблонизација продира доза на експресија и слободен израз како рефлексија на желбата за пробивање на „правилата“ и конформизмот. Правејќи инверзија и мешајќи медиуми, подлоги, графика со слика и street art, менувајќи ги амбиентите за изразување, има тенденција да ја разбие стандардната траекторија на погледот на гледачот. Од изложеноста на непостојаност и исчезнувње, овој пат со сигурност се отиснале и во перманентна состојба.

Горан Ристовски е роден 1987 година во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2009 година, на отсекот графика, насока графички дизајн, во класата на професор Димитар Малиданов.

Тој досега имал самостојни поставки во неговиот роден град, а учествувал  на дваесетина групни изложби во Македонија, Бугарија, Србија и Романија. Добитник е на наградата за најдобар едноминутен филм на „Скопје Филм Фестивал 2010“ и на втора награда за најдобар постер на конкурсот „Против цензура, за слобода на говорот“.

Напишете коментар